Трет ден штрајк на вработените од државното правобранителство

Петар Печков

Вработените во Државното правобранителство, за подрачјето на Велес од средата се во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти. Тие штрајкуваат заедно со колегите од администрацијата во оваа државна инстируција.

„Она што го баравме од УПОЗ и од ССМ, кога се потпишуваше Општиот колективен договор за јавен сектор е да не бидеме поврзани со минималната, туку со просечната плата. Просечна плата треба да зема помлад соработник во министерствата и во државните институции. Така кога ќе ги додадеме овие 30 отсто зголемување на плата излегува дека помлад соработник ќе биде поблиску до просечната, отколку сега до минималната плата. Оттаму е нашето барање за 30 отсто зголемување на платата. И актите што ги носи Врховен суд дозволуваат максимално 30 отсто зголемување на плата“ изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Според Деаноски, проблемите во Државно правобранителство постојат со години наназад, но ниту една влада досега не понудила решение.
„Ние досега нудевме безброј начини како да го решиме тоа дали преку закони или преку колективни договори, но ниедна Влада не најде решение на нашите барања. Незадоволството излегува на виделина. Некои работници во јавниот сектор веќе се заминаа, а дел се заканија дека ќе дадат отказ ако не се исполнат овие барања. Штрајкот на Правобранителство ќе трае сè до исполнување на барањата на вработените, исплата на 30 отсто додаток на плата, одобрување на Колективниот договор за вработените и носење на Закон за државна правобранителска служба. Моментално она што работат во Правобранителство и што ги интересира граѓаните се постапките за експропријација од кои зависи изградбата на коридорите 8 и 10. Се надеваме дека брзо ќе се постигне договор за да се избегне застој во работата на овие инфраструктурни проекти“ рече  Деаноски.

Од УПОЗ се на ставот дека вработените Држѐвното правобранителство,  се дискриминирани во однос на оние од Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, во дел од здравство, образование и од финансии чии колективни договори се одобрени и им е овозможена исплата на додаток на плата од 30 отсто. Од Синдикатот на УПОЗ велат  дека се штрајкува во сите правобранителства во државата и дека штајкот ќе трае до исполнување на барањата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати