Трилерот „Максин“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Петар Печков

Во 1980-тите години во Холивуд Максин Минкс, ѕвезда на филмови за возрасни и амбициозна актерка конечно добива својата голема шанса. Но, додека мистериозниот убиец ги демне ѕвездите на Холивуд, траг од крв се заканува да го открие нејзиното злокобно минато е содржината на премиерата „Максине“ американски трилер, кој беше на 8 место по гледаност овој викенд а првиот беше на 4-то. 


Пред започнувањето на прикажувањето на Твистер 2, се прикажува, како потстување Твистер 1. Ажурирана верзија на филмот „Twister“ од 1996 година, кој се фокусира на пар ловци на бури кои ги ризикуваат своите животи обидувајќи се да тестираат експериментален систем за предупредување за временски непогоди.


На репертоарот петта  седмица е „Опако, наопаку“ анимиран филм кој прв во 2024 заработи повеќе од милијарда долари.  „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Анимираниот „Подлиот јас 4“  трета  седмица е на репертоарот и анимиран филм кој со сите 4 дела заработи пет милијарди долари а минатата седмица беше најгледан во светот.   Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати