Три велешанки учеснички на ЕП во карате во Будимпешта, младински категории

Петар Печков

Викендов во Будимпешта Унгарија се одржува Европското првенство во карате, во младински категории. Меѓу 52-те земји учеснички се и македонските репрезентативци, 34 на број.

Во оваа селекција се и три млади велешанки Теа Гашева, Андреа Алексовска и Мартина Арсовска. Тие ќе настапат во кати во јуниорска конкуренција.  Гашева и Арсовска се ученички во Гимназија а Алексовска во ОУ Васил Главинов и се членки на карате клубот Гладијатор од Велес.

На ЕП настапува и Георги Бановски во кати поединечно во У-21. И тој е член на КК Гладијатор. 

Според извршената ждрепка македонските репрезентативки во кати се во група со селекциите на: Србија, Унгарија, Русија, Франција, Италија и Лихтенштајн. 

На ова ЕП во младински категории во Будимпешта како судија учествува и велешанецот Боби Војдиновски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати