Петар Печков
Објавено: вторник, 11 март 2025
Три лица се уапсени, откако биле забележани дека неделата, сечат дрва во воениот полигон Криволак. Полицијата со детали за инцидентот.
„На 09.03.2025, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21 год), Ф.М.(21 год) и С.А.(25 год), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва. Притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А.“ – соопшти Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.