Уапсен велешанец кај кого биле пронајдени 34 пакувања марихуaна, тој заврши во притвор за да не го повтори делото или побегне

Петар Печков

Велешанец кај кого во саботата вечер, полицијата  пронајде 34 пакувања на марихуана и дигитална вага, доби кривична пријава но и мерка притвор.  Деталите од информацијата на СВР Велес и ОЈО Велес.

„На 23 март во Велес, по  извршен претрес во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38 год) и Е.Д.(36 год), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а додека пак кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Против лицето од СВР Велес до ОЈО Велес била поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

Од ОЈО Велес информираа дека Јавен обвинител отворил истрага за осомничениот А.М. (38 год) за  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.  По барање на обвинителот, судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одредил мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради можноста да влијае на сведоци, да го повтори делото или да побегне. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати