Условна затворска казна за негователката во детската градинка, која дозволи децата да пробаат електронска цигара

Петар Печков

Условна затворска казна за В.И. (39 год) негователка во Детската градинка Димче Мирчев од Велес,  која дозволила децата да пробаат електронска цигара.

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донел првостепена пресуда против негователката во градинка, за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од пет години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција“ – соопштија од ОЈО Велес.

Настанот се случи на 29 септември годинава, во клон „Маргаритка“ кој е во месноста Дворови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати