Хоророт „Опсесија“ голем светски филмски хит стаса и во Киноверзум Велес

Петар Печков

Три филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, два се премиера.

Започнува да се прикажува филмот „Опсесија“ која има голема гледаност во светот веќе три седмици.  Млад човек,  безнадежен романтичар ја ослободува моќта на мистериозен предмет во  желбата да освои љубов, да  го освои срцето на девојката во која е заљубен но наскоро открива дека секоја желба носи мрачна и злокобна цена, откако ја ослободува моќта на еден мистериозен предмет што исполнува желби. Тој добива точно она што го барал и наскоро открива дека некои желби доаѓаат со мрачна и злокобна цена.  Се прикажува секоја вечер до среда од 22 ч.

Ова лето се лансира нов блокбастер што ја крева повисоко скалата на супер херојски спектакли на големото платно. Филмот ја претставува Мили Алкок во моќната двојна улога на Кара Зор-Ел / Супердевојка – хероина чија приказна ќе ја промени рамнотежата на моќ во вселената. Кога безмилосниот непријател ќе удри блиску до дома, Кара е присилена да тргне во епско меѓу ѕвездено патување за одмазда и правда. Во сојузништво со неочекуваниот партнер, таа се соочува со закани што ќе ја стават на тест нејзината моќ – и нејзиното срце. Се прикажува секоја вечер до среда од 20ч.

Најгледаниот филм во светот изминатиот викенд  анимираниот „Приказна за играчките 5“ втора седмица  пред велешани. Вуди, Баз, Џеси и остатокот од дружината се соочуваат со нова закана кога се запознаваат со електрониката – нова закана која ги менува правилата на игра. Приказна за играчките 5“, од студијата Пиксар и Дизни, носи нова, разиграна авантура во која омилените играчки се соочуваат со предизвиците на модерниот свет. Нова закана за детската игра – паметната играчка Лилипад е таблет во форма на жаба, којшто ги менува правилата на игра и нивната мисија ја прави потешка од кога било. Се прикажува секое попладне до вторник  од 18ч. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати