Чекаме странците да дојдат да ни ги исчистат реките, кажа Стевче Дечев на меѓународниот ден на реките (видео)

Петар Печков

Очекуваме дека странските амбасадори треба да дојдат да ни ги исчистат реките, наместо ние самите да се погрижиме за сето тоа. Се однесуваме како да сме гости во сопствената држава. Или некој друг да се грижи за нашите реки,што е многу погрешно, вели Стевче Дечев еко активист од фондацијата Импакт од Велес. Ова тој го кажа на 14 март, Меѓународниот ден на реките.  Велес минатото лето доживеа водена еколошка хаварја, шпто не се помни. Сите три реки  Вардар која минува низ градот, и двете  Бабуна и Тополка, кои се во близина на Велес и се излетнички места, беа забаранети за капење, поење на стока и полевање на градинаркси култури,  оти беа загадени. 

„Држава која има богати водени ресурси, природни извори на вода, може да стигнеме да имаме само техничка вода, поради негрижата за водените ресурси, за реките, езерата. Тоа што ни е дадено да го имаме како воден ресусрс е далеку од одговорна и одржлива грижа. Извештаите кои се пласираат се маскираат со погрешни или неточни податоци, или се кријат  дека имаме алармантно загадување на водите. Имаме води кои се надвор одстепен на загаденост“ – вели Стевче Дечев еко активист од фондацијата Импакт.  

Надлежните институции затајуваат во заштитата на реките, граѓаните со ниска свест, па фрлаат смет крај брегот, во реката се влеваат отпадни води од канализација.

„Извештаите потврдуваат дека најголемото загадување  е од граѓаните па потоа индустријата. Кога та азагадува тоа е тешко загадување, реките добиваат бои на виножито, ги има сите бои, само не тие на река. Колку пати сме виделе дека имаа црвена, жолта, сина боја. Има случаи кога на  загадувачот му се исплати да ја плати казната и следен пат да загади повторно. Кроиме планови, за планирање како да ги заштитиме реките. Треба да се променат законите, треба да се одземат дозволи за работа, концесии и воведат високи казни“ – дополни Дечев. 

Тој за квалитетот на водите се повикува на учесниците на Вардарската регата, која лани за прв пат стигна до Солун и на изјави на риболовците, кои илустративно зборуваат за тоа каква е водата во  реката Вардар.

„Вардар и Аксиос, тоа се две различни реки. Вардар во Македонија е умрена река, а Аксиос во Грција е жива. Законските регулативи се построги во Грција, таму реката е заштитена. И комуналната инфраструктура е подобра, не видовме ниедна канализациска цевка во реката. Вардар веќе не мириса на река во Македонија. Во Грција, повторно го препознавме мирисот на река. Таму не видовме ѓубре. Не видовме ни сепарации“- вели Ангелче Гушев организатор на  Вардарската регата.

Користењето на песокот, сепарациите од реката го менува текот на Вардар. Владо  Стојановски е учесник на сите 24 регати од Велес до Гевелија а лани до Солун. Иако по вокација е дипломиран металург, тој во душа е еколог и голем вљубеник во Вардар. Затоа, апелира да се почитува редот во природата.

„Првите 15 години кога  пловев коритото беше исто, природно, не се менуваше. Сега, за жал не е така, последните 15 години. Поради големите сепарации по течението на Вардар, реката на некои места е широка како Дунав. Не тече, водата стои на место и таму тешко се плови. Тие што ги имаат сепарациите треба да го вратат коритото во првобитната положба, а не да биде бескрајно широк. Премногу се уништува природата заради материјални добра“ - рече Стојановски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати