Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2025
ЈКП Дервен со препорака до граѓаните заштитете ги водомерите од ниските температури!
Поради најавата за многу студено време во текот на наредните денови, им препорачуваме на граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување истото да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.
Во случај да замрзне водоводната инсталација, граѓаните треба да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела – тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична.
ЈКП Дервен апелира не фрлајте пепел со неизгасена жар во контејнерите за смет!
Апелираме до граѓаните да не оставаат во контејнерите за отпад пепел со жар, затоа што освен што се предизвикува пожар во самиот контејнер, се нанесува и штета на возилата на комуналното претпријатие кога пожарот се појавува во товарниот дел на возилото. Имајќи во предвид дека возилото има резервоар со нафта од 200л. и дека се движи во населено место, при возење со запален отпад може да дојде до експлозија и можни човечки жртви.
