Загина моторист кај Лозово

Петар Печков

Зоран Јовев ( 43 год)  од Лозово, загина во сообраќајна несреќа вчера попладне на магистралниот пат Велес –Штип. Сообраќајката се случила околу  16,45  часот на влезот во населбата Лозово, на излезот кон Велес,  кога мотористот бил удрен  од автобус со струмички таблички кој сообраќал кон Велес. Очевидците за несреќата ја посочуваат непрегледноста  крстосницата.

Зоран се вклучуваше на главниот пат кога налета на автобусот. Местото е многу лошо, тука има висока жива ограда, еден од мештаните поставил копа сено а друг скелиња за сушење на тутун. Така што ништо ен се гледа, мора да влезеш на патот за Велес зад а видиш дали доаѓа возило од било кој правец – велат жителите на Лозово. 

Повредениот  Јовев веднаш со автомобил на пријателите  бил транспортиран за Болницата во Велес а по пат бил пресретнат од екипа на Брзата помош префрлен до хируршкото одделение. Но веќе било доцна, според докторите тој подлегнал на повредите по пат.

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати