Литературно читање, мост меѓу поетите од Велес и Нови Сад (фото)

Петар Печков

Литературно читање на велешките поети и  гостите од Нови Сад, Војводина, Србија. Настапија 17 автори, 12 од Велес и пет од Нови Сад, со своја поезија. Гостите беа  членови на Друштвото на новосадски книжевници, а од Велес, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Настанот се одржа во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ Велес.  Претседателката изрази благодарност  што гостите  укажаа чест да ја споделат убавината на своите дела во Велес.

 „Неимарите отсекогаш граделе мостови. Од дрво, од камен или од бетон. Со помалку или со повеќе лакови. Колку за да се помине преку реката, или за да предизвикаат восхит, да останат како завет и да траат со векови. Ама не ги спојуваат луѓето само мостовите меѓу два брега, мостовите од дрво, камен или од бетон. Има едни мостови, кои се навидум невидливи, ама цврсто ги спојуваат и луѓето меѓу себе и нас со минатите векови, тоа се мостовите од зборови. Токму таков мост, изграден од зборови напишани од душа, ќе изградиме и ние денес. Ќе се протега од Велес до Нови Сад. Ќе биде сведоштво за тоа дека душата и умот не познаваат непремостливи далечини и дека и радостите и тагите и разочарувањата и надежите сите ги чувствуваме на ист начин. Различен, а сепак сличен, е само јазикот на кој сме ги прелеале на хартија“ – порача Лила Арсова, претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

На поетското читање прв настапи поетот Христо Петрески (ДПМ) со чија несебична помош беше воспоствена соработката межу двете друштва.  Гости од Нови Сад беа,  Селимир Радуловиќ, Мирослав Алексиќ, Ѓорѓе Писарев, Сунчица Радуловиќ Торбица и Наташа Бундало Микиќ. Поезија прочитаа домаќините  Лили Арсова, Родна Јанчева, Нада Алексоска, Божидар Јовиќ,Алија Авдовиќ, Соња Гаврилова, Соња Карбева, Јасмина Ѓорѓиева, Атанас Крлевски, Веле Алексоски, Марина Стојанова и Даница Лепојевиќ.

Иако времето за дружење беше кратко,  изградени се доволно цврсти пријателства и покрај далечината, кои ќе траат, виртуелно, но и реално. Моќна е силата на зборот, за да го изгради тој мост.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати