Собраните количества на картонска и пет амбалажа лани во Велес неколкукратно зголемени

Петар Печков

Неколкукратно е зголемено собирањето на картонската амбалажа и пет амбалажата во Велес. Ова го покажуваат бројките кои ги достави локалната власт до велешките советници.  Лани  собрана била  картонска амбалажа  во количина  25,6 тони и  77,2 тони картонска амбалажа.

„Во вечерните часови се врши и одделно собирање на картонска амбалажа од трговските објекти. За таа цел ангажирано е возило кое врши собирање само на картонска амбалажа директно од пред трговските објекти.  Продажба и откуп на целокупната стара хартија и картон што ЈКП Дервен ќе ја собере се предава на  фирма која ја откупува“ - кажаа од Општина Велес.

За илустрација количеството на  собрана  картонска амбалажа  е  зголемено од   54.255 тони во 2017-тата,   47.640 тони во 2018-та,  24.590 тони во 2019-та и лани  2020-тата 77.192 тони.

Количеството на пет амбалажа собрани во општина  Велес изминатите години е симболично за лани да биде многу пати зголемено. Тоа се движи од  2.4 т. во 2018-та,   5.06 т.  во 2019-та и   25.875 тони во  2020-тата.

„Радува фактот што количините на одложен комунален отпад на депонија се намалуваат што подразбира дека селекцијата почнува да функционира“ - констатираат од Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати