14 -ти пат се возеше ,,Tour de Veles,, (фото)

Петар Печков

По повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, еколошкото друштво “Вила Зора” и општина Велес и оваа година го организираа традиционалниот велосипедски крос ,,Tour de Veles 2016,,.  Возењето беше симболично низ централното градско подрчје. Манифестацијата се одржува 14-та година по ред а учесници беа учениците од седмо и осмо одделение.

Целта е  јасна, подигање на јавната свест и  практикување на возење велосипед. Факт е дека велосипедот е најискористеното превозно рекреативно средство во Велес.   Конфигурацијата на теренот не дозволува негова употреба за одење на работа и на училиште, сепак должни сме да обезбедиме негово безбедно користење  - рече Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

За разлика од претходните години, овој пат имаше повеќе од стотина велосипедисти, што зборува за големиот број на велосипеди, кој за една година драстично се зголеми во Велес. 

Велосипед возат и мали деца и постари луѓе, очигледно имаме движење на велосипедисти во градот.  Освен зголемената негова употреба треба да се зголеми и свеста за нивна заштита. Затоа се потребни велосипедски патеки, дали во градот или во околината , потребни се. По 14-та пат го бараме истото што и сите претходни години, оти во градот и околината нема велосипедски патеки -констатираше Коциќ.  

Манифестацијата беше поддржана и  од локалната власт. Велешани постојано слушаат дека ќе се прави велосипедска патека. Прво идејата беше до  реката Бабуна, но ограничениот коловоз, неговата ширина не дозволи таа да се реализира. Потоа се најавуваше до езеро Младост.

Единствена патека која може да се изгради е до езерото Младост, во постапка е изготвување на елаборат за трасите, каде таа би водела.  Го поздравувам зголемувањето на бројот  на велосипеди во градот.  За жал имаме потесни улици отколку што се тротоарите. Треба визионерски да се гледа напред за следните 15 години.   Конфигурација е таква што немаме можност во градот да поставиме велосипедска патека, тоа е за жал фактичката состојба - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Затоа пак најави дека е започната постапка за  изградба на мото крос патека и се изготувал елаборат и трасите каде што ќе биде таа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати