80 години Црвен крст, хуманоста не познава граници

Петар Печков

Црвениот крст Општинска организација Велес, одбележа 80 години постоење. Големата армија на хуманисти е движечката сила на организацијата, кои  се ангажирани доброволно, волонтерски. Тие се пример дека  хуманизмот не се учи, туку или го имаш во срцето или го немаш.  Еден од тие примери е и претседателката д-р Кевица Шопова Клифова, која  повеќе од  четири децении е во Црвениот крст, дел во Струмица, дел во Велес.

„Организацијата на Црвен крст е пример на хуманост и солидарност. Препознатиливи и горди  сме по нашите активности,посебно по крводарувањето, не само во Македонија, туку и надвор од границите. Со години наназад исполнуваме преку 200 проценти од планираните крвни единици“- рече Шопова Клифова. 

Таа се заблагодари на илјадниците волонтери кои изминатите 80 години беспоштедно се вложиле во Црвениот крст покажале дух, посветеност и голема желба за помагање.. Како и на сите претседатели, секретари, членови на раководни тела од Велес. 

На настанот  присувствуваше претседателот на Црвен крст  на Македонија, проф. Др. Ромел Велев,

„Нема хумана организација и успех, без помош и поддршка  од хуманите луѓе. Нивната помош ни овозможува да ги реализираме проектите, да ги обезбедиме неопходните услуги. Вашиот ангажман е клучен за хумана заедница.Хуманоста не знае за граници, вера, јазик, род, пол, социјална, религиска, етничка припадност“- рече Велес. 

Тој се заблагодари на сите досегашни членови на раковдствата на Црвен Крст Велес, оти се вградиле во организацијата, за таа да биде почитуван дел од заедницата. 

„Особено се заблагодарувам на волонтерите, дарителите, негователите и вработените и нивната посветеност на организацијата и хуманоста“ додаде Велев.  

Се доделија признание на Општините Велес и градоначалникот Марко Колев,, Општина Чашка и градоначалникот Горан Стојановски и на општина Градско Киро Нацков,   за успешната соработка изминатите години.Архивските податоци не се големи, но покажуваат како пред скоро еден век функционирал Црвен крст во Велес и околината. Првите податоци oд  истражувањето за Црвен крст, ce  во книгата „Срцето и душата на Европа“ од др. Владан Ѓорѓевиќ издадена во 1927 година. Значаен и пронајдокот во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“. Таму е најдена БЛАГОДАРНИЦА која во 1936 година Црвен крст на Кралството Југославија ја доделува на тогашниот учител во Велес, Новак Ѓурковиќ за неговите заслуги во Црвен крст. Еден од Најстарите документи е РЕШЕНИЕ направено на 21 септември 1956 година кое сеоднесува на Општинскиот одбор на Црвен крст Чашка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати