Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 12 јуни 2025 година (четврток) во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
ОПШТИНА ВЕЛЕС