Велешанец, затвореник од „Идризово“ починал на Клиниката за токсикологија

Петар Печков

Вторникот наутро во болница во Скопје, починал велешанец,затвореник во КПД Идризово.

„На 17 јануари,  околу 5.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Клиника за токсикологија - Скопје починал Г.С.(51 год) од Велес, осуденик од Казнено-поправната установа Идризово, кој кај нив бил донесен претходниот ден. Лекар констатирал смрт без траги на насилство“ -  соопштија од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител по чија наредба телото на починатото лице, Г.С. било предадено на обдукција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати