Граѓаните се премислија и тие побараа обештетување од последниот порој

Петар Печков

Проценета е штета од 285 илјади денари, додека претходно штетата од инфраструктурата во градот беше проценета на 24 милиони  денари.

Комисија за проценка на штети прими 9 пријави при што две отфрли а вкупна штета е  250 илјади денари за  градежни објекти со опрема, бела техника и домови. 

За штети на земјоделски култури  поднесени се 6 барања, пет прифатени  со вкупно 2,54 ха лозје при што е проценета штета од 35 илјади денари.

Извештајот е доставен  до Влада, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, шумарство, Државен завод за статистика. Натаму Владата со одлука ќе реши со колку пари ќе ги обештети овие лица.

Ланското невреме кое го зафати велешко направи штета од 30 илјади евра а Владата реши да ги обештети со 15 отсто, но парите ни по година дена не се префрлени.

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати