Отворен новиот супер маркет на ТУШ

Петар Печков

     Компанијата Туш во Велес  отвори нов модерен супер - маркет на површина од 2,7 илјади метри квадратни каде  на потрошувачите им понуди  15 илјади производи. Во маркетот се вработени 33 лица а инвестицијата е вредна три милиони евра. Во него  има и  игротека, аптека, цвеќарница, продавница за бела техника.

Наш план е 20 супер маркети во период од пет години во Македонија, кои ќе бидат по европска мерка за купувачите. Завршувањето на економската криза е периодот најдобар за  нови инвестиции и за вложувања. Затоа сакаме брзо да ги градиме нашите објекти во сите поголеми градови  во Македонија – изјави  Јернеј Мур директор на Туш во Македонија при отворањето на објектот. 

Новиот Туш  маркет е четврти во серијата на објекти кои работат во Македонија, по еден во Штип и Куманово и втор во Велес. Тие вкупно вработуваат 110 лица.  Словенечката групација Туш започна нивната мрежа да ја шири и во Босна и Херцеговина каде имаат 14 трговски центри и Србија каде имаат шест. Дел од прометот од првиот работен ден на Туш маркетот во Велес, како донација е наменет за децата  со посебни потреби од Основно училиште Маца Овчарова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати