Без голови првиот натпревар од осминафиналето на Купот

Петар Печков

Фудбалерите на Борец не успеаја да  победат и со предност да патуваат на реванш средбата од осминафиналето на Купот на Македонија. Тие одиграа реми, без голови со екипата на ФК Струга ТЛ, исто тка како и ФК Борец, од есенва нов член на Првата лига.

Домаќинот ја имаше иницијативата, се закануваше кон голот на стружани а најголемата шанса, која публиката веќе виде и гол за Борец ја имаа во финишот. Во 89-тата минута Ѓорѓиев во контра , излезе сам пред гостинскиот голман, кого го совлада, но топката од празниот гол ја исфрли гостински играч, со што ја спречи радоста за домаќинот.

Реванш средбите од 1/8 се играат на крајот од месец октомври, на 30-ти, кога ФК Струга ТЛ ќе биде домаќин.

фото: Радица Дукова

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати