Билјана Стојановска со најмногу прочитани книги во библиотеката во 2024

Петар Печков

На 4 февруари, на патрониот ден на градската библиотека Гоце Делчев од Велес, признанија за најредовните читатели. Библиотеката, како и секоја година, ги награди читателите со најголем број изнајмени книги. Читател со најмногу прочитани книги од Одделот за возрасни е Билјана Стојановска.

„Одамна сум член на библиотеката. Читам трилери, историски книга,  секој момент го користам. Не гледам тв, серии, вести туку го минувам со книгата во читање. Не само што изнајмувм од библиотека туку  си купувaм , позајмувам од пријaтели“ – порача Билјана.

Директорката на библиотеката Снежана Бошевска истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година во работењето на институцијата со реализација на голем број проекти. Минатата година библиотеката набави 2.430 нови наслови.

Најчитател во категорија од основно образование е Ана Митровска, за средно образование е Василка Карталова, за студент е Андријана Јакимова и во категорија пензионери е Светлана Есенчева.

Наjмлад читател за 2024 година е Чедомир Костадиновски, највозрасен читател е Марија Питиќова.

Признанија добија и читателите од организациската единица во Градско, каде најчитател од Одделот за деца од e Глорија Сандев а од Одделот за возрасни e Жаклина Маркова.

Оваа година Библиотеката и додели  Благодарница на Цветанка Ѓакова Панова за нејзината донација,  на книги  со коишто се збогатува библиотечниот фонд.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати