Петар Печков
Објавено: петок, 10 октомври 2025
Велешката полиција објави дека го расчистила случајот со оштетениот изборен штаб на СЀДМ во Градско. По извршените дејствија, констатирале дека тоа го сториле деца. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 9 октомври во СВР Велес е извршен службен разговор со Д.К.(32 год) и З.М.(39 год), двајцата од Градско, во врска со настанот од 8 октомври за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.