Петар Печков
Објавено: сабота, 15 март 2025
СВР Велес во дневниот билтен информира за два случаи на агресивно однесување. Деталите во продолжение
На 14.03.2025 во 16.30 часот, полициски службеници одСВР Велес го привеле З.С.(38 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, агресивно се однесувал и оштетил предмети во објектот. З.С. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2025 во 19.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го привеле Д.Ѓ.(21 год) од Велес затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по извршените проверки било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По документирање на настанот против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.