Двата патнички воза за Битола по четири месеци поправка, се враќаат во сообраќај

Петар Печков

Од утрово, повторно сообраќа укинатиот  патнички воз од Скопје за Битола, кој поаѓа во 6,53 ч. Истиот патнички воз се враќа за Скопје, со поаѓањето од Битола во 18,24ч. За ова информираа од МЖ Транспорт, со соопштение кое  се најде на просториите од  Железничка станица Велес. 

На истото на патниците им се соопштува дека од среда 27 март, започнува да сообраќа и третиот патнички воз, кој од Битола за Скопје поаѓа во 12,48 ч.  а  од Скопје кон Битола тргнува во 20,04 ч. 

Двата патнички воза од и за Битола, кои се враќаат во сообраќај беа укинати на 24  ноември лани,  од кога на оваа релација сообраќаше само еден патнички воз. Тој од Битола за Скопје тргнуваше во мугрите 3,13 ч. а се враќаше од Скопје на пладне 14,30. 

Официјално МЖ Транспорт никогаш не кажа јавно, која беше причината за прекинот на патничкиот железнички сообраќај на релација Скопје – Битола.

Но во јануари годинава, објави јавен повик за набавка на резервни делови за кинеските дизел патнички гарнитури, кој заврши  на 26 јануари. Два месеци подоцна двата патнички воза се поправени и пуштени во сообраќај. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати