Жител на село Клуковец, по пад од мотор се здобил со политраума и е пренесен на Клинички

Петар Печков

Жител на село Клуковец се самоповредил при пад од мотор, а поради тежината на повредите е пренесен на Клинички во Скопје. Први на помош на повредениот му дала екипата на Итната помош од Велес, која дала неопходната терапија.

„На 25.03.2025 околу 15.35 часот во СВР Велес, од болницата во Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.С.(22 год) од село Клуковец, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл во село Клуковец“ – информираше Ненад Колев од СВР Велес.
Од Општа болница Велес со информација за повреденото лице.

„Во Ургентен центар е примен пациент кој има политраума, здобиена при пад од мотор. Повредите се констатирани со комјутерско снимање. Поради тежината на повредите лицето е пренеено на Клиички во Скопје“ – соопшти д-р Биљана Босилкова, портпаролна велешка болница.

Ова е втор случај за неколку дена кога моторист е тешко повреден при пад од мотор. Во саботата попладне  С.С. (55 год) од Бузалково паднал од четирицикл удрил во ѕид и тешко се повредил во глава. Поради тежината на повредата беше пренесен на клинички во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати