Завршија првите Велешки спортски игри

Петар Печков

Во неделата вечер се одиграа завршните натпревари од првите Велешки спортски игри. Околу 400 натпреварувачи, според организаторот,  се натпреваруваа во четири спорта, тенис, одбојка на песок, баскет и мал фудбал.

Победници се: во одбојка на песок  жени -1.  Мила Стефановска и Татјана Машковска, 2. Ивана Пејовска Сандра Георгиевска 3. Марјана Лазарова Антонија Баталаковска

Одбојка на песок мажи -1. Кристијан Ристески и Јован Шапе 2. Иван Андонов Филип Николовски 3. Саше Ивковиќ Дејан Димовски

Баскет 1.„Кино Влае“, 2. Борец баскет 3. Барето

Во тенис Стефан Мицев кој во финалето го победи Лука Андонов со 2:0.

Во мал фудбал победи  екипата на Кеги моби која во финалето на пенали ја совлада екипата на Фенербахче.  Трето пласиране е екипата на Баламов компани. 

„Сакаме да ви се заблагодариме на сите што дојдоа во огромен број во Градскиот Парк и ја направивте атмосферата толку убава. Со гордост можеме да кажеме дека успеавме да го вратиме спортскиот дух во Велес“ кажаа организаторите Евентиве.  За оваа цел беа обновени спортските терени каде е играа натпреварите.

Вкупниот фонд на награди беше 450 илјади денари, кои ги поделија трите првопласирани во секој спорт а беа обезбедени од  покровителот Атлантис Инвест Груп.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати