Засега откриени 16 лица кои користеле лажни серификати за ковид вакцинација, но не и кој и издавал и колку спечалил

Петар Печков

Почна да се расчистува случајот со продажба на потврди за вакцинација против ковид, што се случи во Велес, при крајот на задолжителната обвска за вакцинација во 2021 година, за која ТрМр пишуваше пред година и половина. 

За осум лице веќе се изречени парични глоби, пресуди за кривичното дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“.  Пресудите  можат да се најдат на веб страницата на Основен суд Велес.  Од ОЈО Велес потврдија дека има осум пресуди, но и дека поднеле исто толку  нови  обвинителни налози,  доставени до Основен суд Велес. Глобата која им е изречена на овие осум лица, кои се веќе осудени и пресудите се правосилни, е симболична, по сто евра казна во денарска противвредност.

За потсетување, лицата кои во ковид пандемијата,  во временски период,  кога беше забрането да се излегува од дома,  биле надвор од домот, беа казнувани со по 800 евра, за кривичното дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“. 

„Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет од почетокот на 2022 година и презеде повеќе дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност како на медицински лица - лекари кои според наводите во пријавата издавале сертификати за вакцинација на невакцинирани лица, така и на граѓани кои таквите лажни сертификати ги користеле за патување иако знаеле дека се невистинити затоа што никогаш не се вакцинирале. Врз основа на обезбедените докази, надлежен јавен обвинител дојде до основано сомнение дека одреден број граѓани од Велес и велешко  употребиле такви исправи со невистинита содржина, со што го исполниле битието на кривичното дело од член 380 од Кривичниот законик (Употреба на исправа со невистинита содржина).По завршување на претходната постапка и обезбедување на сите докази, за осум лица од почетокот на годинава поднесени се предлози за издавање казнен налог, за кои веќе има и судски пресуди. За уште осум лица се обезбедени податоци за употреба на лажните сертификати и истите ќе бидат процесуирани“ – соопштија од ОЈО Велес.

Случајот за издавање на потврди за задолжителната вакцина од ковид, бил откриен случајно, со посветена работа на медицинската сестра која ги должела вакцините. Таа освен задолжителното документирање во компјутер водела и дополнителна евиденција во тетратка. При крајот на август  2021 година започнала да се појавува разлика во бројот на евидентирани вакцинирани лица преку компјутер и во тетарката, но и по бројот на искористени  вакцини. Биле по две-три  лица на ден.

Со денови бројките не се поклопувале а дилемата од каде е разликата се повеќе била присутна. Случајот бил пријавен во СВР Велес и обвинителството, кои започнале истрага.

Засега биле пронајдени 16 лица, кои лажно прикажале на граница, дека се вакцинирани а во пракса не биле.  Лицата кои правеле бизнис од издавање на документацијата за ковид вакцинацијата, обвинителството не соопштува дека се идентификувани, ниту дали од тоа  одредени лица заработувале. 

Еден од двајцата доктори преку чиј профил на Министерството за здравство влегувал/е, бара да се откријат сторителите. Двјцата доктори не ја смениле лозинката која ја користеле додека беше активен вакциналниот пункт во Велес и преку нив подоцна се извршени кривичните дела.

„Очекувам дека обвинителството ќе го истражи случајот до крај и од лицата кои се осудени ќе дознае кој ги продавал потврдите, верувам дека не ги издавале од љубов. Ние колегите, докторите, кои бевме задолжени за вакцинација,  ги дадовме лозинките и печатите на лица кои помагаа во вакцинацијата, волонтери од Црвен крст Велес, службеници од Општина Велес и млади доктори практиканти. Голем е бројот на лица кои имаа можност да го реализираат овој нелегален бизнис“ – кажа соговорникот.  

Вакциналниот пункт за масовна вакцинација во Велес беше отворен во училиштето „Коле Неделковски“на 25 мај 2021 и работеше до 31 август истата година за потребите на велешани, но и на жителите од соседните општини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати