Изгоре котларата на млекарницата Милком, но производите и натаму ќе бидат на пазарот

Петар Печков

Рано утрово изгоре дел од млекарницата „Милком“ во близина на Велес. Направена е значителна материјална штета, повредени при гаснењето на огнот  нема.  Пожарот избувнал околу  5 часот а е локализиран од страна на противпожарната единица во 10,30 ч.

Интервенирано е со две возила, на локализирање на пожарот работеа шест пожарникари од Велес. Побарана е помош од колегите од Неготино и цистерна од ЈКП Дервен. Огнот е појавен кај котларата, изгорен е кровот. Со интервенцијата на пожарникарите не дозволивме пожарот да се прошири во останатиот дел од млекарницата - изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Млекарницата „Милком„ е најголемиот производител на млечни преработки во поширокиот велешки регион. Но пожарот нема да остави трага во снабдувањето на граѓаните, најавува  сопственикот Ангел Николов.

Магацинскиот простор не е зафатен од огнот и производите освен, течниот програм, ќе го има на пазарот. Огнот се појави кај котларата и ја зафана кровната конструкција. Производните погони не се зафатени, тие се подалеку. Неколку дена ќе треба  да  го расчистиме просторот. Имаме обврска кон млекарите за откуп и продолжуваме со работа, го решивме просторот со друга млекарница.  Недела дена нема да има течен асортиман, другото ќе биде дистрибуирано на пазарот -изјави Николов за ТрМр.  

Од СВР Велес соопштија дека нивна екипа извршила увид по што ќе биде позната причината, како и висината на материјалната штета.

фото архива

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати