Изложба на Синиша Кашавелски во Ликовен салон Велес (фото)

Петар Печков

Ликовниот уметник Синиша Кашавелски се врати во Македонија. По десет годишно отстуство и работа во неколку држави, тој подготви изложба  и се претстави во Велес. Изложбата е избор од 10 негови дела, работени во масло на платно, насловена „Воодушевувачки впечатоци:колекција Енигма“.

Претходно  беше изложена во неговото родно Куманово, па во Кавадарци. На сите изложени дела се јавува  ликот на девојка, којa авторот објасни дека е неговата ќерка, која била модел низ годините

„Ова е сублимат, мала ретпроспектива, на работата од последните десет години. Во овoј период бев ориентиран на изложби и претставуање во странство, во светот. Изложбата е навраќање на домашната публика. На делата е развојот на ќерка ми, низ годините, растењето, бунтовноста, тинејџерските години, па кога станува возрасна“ – кажа авторот Кашавелски. Неговата ќерка денес е дипломиран сликар а синот дипломиран вајар.
Авторот изложувал во галерии кои се меѓу најпрестижните во светот.  Бил студент на генерацијата, на Факулетот за ликовни уметности.

„Иако делата се доближуваат до фотографскиот реализам со перфекцијата на нивната изработка, во нив се пресекуваат патиштата на надреализмот и македонскта традиција. Тоа е пребогата културна и духовна ризница, која постојано го инспирира да ја промовира, преку своите дела насекаде во светот“ – кажа промоторот Елица Николова, историчар на уметноста од Народен музеј Велес.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и ќе продолжи со претставување во други градови низ земјава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати