Изложба на скулптури „Феникс 3„ на Марјан Стојаноски во Ликовен салон

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес денес на пладне беше отворена изложба на најновиот циклус скулптури на академскиот скулптор Марјан Стојаноски, насловена „Феникс 3“ . Авторот   во своите дела како доминантен мотив го става кругот кој најмногу асоцира на симболиката на фениксот,  кругот како симбол на бесконечност или постојаното вртење во круг. Скулптурите се изработени од метал челик, ростфрај и обработен лим, некаде надополнети со огледала кои откриваат некои футуристички размисли да се долови светлината .

Скулптурите на Стојаноски се во склад со новото време, новите трендови во уметноста и скулптурата. Тој со своите дела реферира на нешто динамично,циклично, обновувањето и повторното раѓање, персонификација на вечноста,како Фениксот кој се издигнува од својата пепел, како цикличната природа.  Техниката на заварување на металот, му овозможува на скулпторот користејќи ја  својата креативност да ги надградува своите скулптури склопуваќи ги од повеќе конструктивни елементиразлични по форма, структура и големина, кои подоцна ги обединува во една целост, во посложени композициски целини - рече Елица Николова, историчар на уметноста,  отворајќи ја изложбата.

Марјан Стојаноски, академски скулптор роден е во Прилеп, средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје,  во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на ДЛУМ и на ДЛУП. Во два наврати е претседател на ДЛУП.  

Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби. Учесник е на повеќе колонии и успешно ја реализира Меѓународната ликовна колонија во Прилеп. Добитник на повеќе награди и признанија. Во 2015 година ја добива наградата за скулптура „ Јордан Грабул“ (ДЛУП).

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати