Петар Печков
Објавено: недела, 21 септември 2025
Основното јавно обвинителство Кавадарци, кое ја покрива и територијата на Неготино, поведе истражна постапка против едно лице од Неготино, М.Ј. (29 гдо) за кривично дело – Изнуда во обид, како и Загрозување на сигурноста. Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино.
„На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра. Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“ соопштија од ОЈО Кавадраци.
Бидејќи постоеле законските основи – опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, доставил предлог за определување мерка притвор.
Од МВР соопштија за настанот.
„На 19.09.2025 година во 16 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.Ј(29 год) од Неготино поради сторено кривично дело по член 258 став 1 и в.в член 144 ст 4 со испраќање на заканувачки пораки кон градоначалникот на општина Неготино“ – информираа до МВР.