Петар Печков
Објавено: петок, 19 септември 2025
Според објавената пресуда на Основен суд Велес, која ОЈО Велес и одбраната ја добиваат ден по крвавата разврска од 15 септември, сторителот ги прекршил двете изречени мерки забрана.
Убиството на Росица К. и татко и Киро К. беше извршено од поранешниот дечко на Росица, Илија С. Тој кога го сторил делото не ја почитувал изреченaта забрана од Основен суд Велес а по барање на ОЈО Велес, да не го напушти живеалиштето односно престојувалиштето, градот Скопје.
Тој во засега неопределен дел од денот, недела/ понеделник, заминал за Велес за да го стори тоа што го наумил. Обдукцијата ќе треба да открие кога е убиен таткото Киро К. дали и колку време сторителот бил со мртвото тело во домот на Коцеви на ул. Кочо Рацин бр.6, близу Градскиот саат.
Илија С. не ја почитувал и втората изречена мерка на претпазливост , забрана на приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со лицата Р. К. и И. М. Сторителот бил во домот на таткото на Росица и ја чекал да дојде, за да ја убие. Вештачењето на мобилните пронајдени во куќата треба да разјасни дали Илија телефонски и се јавил на поранешната девојка Росица да дојде да го види татко и или таа заминала сама да го посети, откако таткото не можела да го добие на телефон.
Од Основен суд Велес соопштија дека за двете кривични дела „Загрозување на сигурноста при семејно насилство и за кривично дело Насилство, сторени на 20 февруари и ноќта на 3/4 март на обвинетиот на 10 септември му е изречена алтернативна мерка условна осуда, затвор во траење од 1 година и 4 месеци, која нема да се изврши доколку во времето од три години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
ОЈО Велес објави дека истата ја примило на 16 септември, ден по двојното убиство. Со пресудата останала на сила мерката на претпазливост, забрана на приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со лицата Р. К. и И. М.
Обвинителниот предлог ОЈО Велес до Основен суд Велес го поднел на 10 април, бргу по настаните.
Попладнево од Основен суд Велес соопштија дека по барање на Центарот за социјални работи Велeс биле изречени и дополнителни три мерки, кои во судска постапка станале правосилни, со важност од шест месеци.
„Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата. Изречени предложени мерки, ќе траат 6 месеци. Предметот е правосилен од 26 јуни годинава“ соопштија од Основен суд Велес.
Од Основен суд Велес дополнија дека во јуни месец примена е приватна кривична тужба од приватен тужител Илија С. од Скопје против обвинетите Росица и уште едно лице, дека сториле кривично дело Телесна повреда по која тужба е формиран предмет.
Крвавта љубовна разврска се случи понеделникот попладне после 15,30ч. кога Илија С. ја нападнал поранешнаата девојка Росица К. и задал шест убодни рани со нож на рзлични делови од телото, од нив два во вратот. Неа трчајќи во прегратки ја изнел пред куќата во дворот, сегашниот дечко Ф.Т. Сторителот се заклучил во соба па со шест убоди од нож во врат, се самоповредил. И во двата случаи, обидите за реанимација во Велешка болница траеле по 45 минути за двете лица, но не дале резултат. Дополнително, по извршената обдукција ќе биде познато кога и како е убиен Киро К.