На јавниот повик доделени 48 садници за склопен брак, новороденче, вдомено животно, изградена куќа, купен стан

Петар Печков

Минатата година, 13 баратели добиле вкупно 48 садници дрвја по објавениот јавен повик за доделување на повеќегодишни садници. Тој беше објавен од страна на Општина Велес, на крајот на ноември. Од пријавените, девет биле физички лица а четири правни. Целата на оваа новина, која за прв пат беше реализирана при крајот на годината е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во градот.

„По  10 садници добија двајца баратели-правни лица, врз основа на добиено Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина. На тројца сопственици им се доделуваат по пет  садници за купен или изграден станбен објект.  Еден граѓанин му се доделени  10 садници за приложена документација за чипирани, вакцинирани бездомни животни“ - соопштија до локалната власт.

На тројца граѓани им е доделена по една садница, во два случаи е за новороденче и во еден случај за склопен брак.  Начинот на распределбата беше „прв дојден, прв услужен“.  

Од локалната власт дополнија дека  на територијата на општината, таа обезбедила и  лани  биле  засадени над 1,5 илјади садници дрвја од нив  491 биле шестгодишни листопадни садници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати