Неделата попладне, голем пожар кај село Лугунци

Петар Печков

Неделата на пладне  21 септември  регистриран е пожар во близина на селото Лугунци , близу Иванковци. Поради сериозност аи големината на огнот интервенирале две екипи на противпожарната единица од Велес.


„Во 14:05 часот примена е дојава за појава на пламен и чад во близина на село Лугунци. Територијалната противпожарна единица – Велес излезе на лице место со едно  противпожарно возило и три  пожарникари–спасители. По пристигнувањето започнато е со гаснење на пожарот на два фронта. Поради силниот ветер и големата опфатена површина, побарана е дополнителна помош , со уште едно противпожарно возило и четири пожарникари–спасител“ – информираа од ТППЕ Велес.

По неколкучасовна борба со огнената стихија, пожарот е локализиран и целосно изгаснат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати