Одбојкарите на Борец итаат меѓу првите четири екипи

Петар Печков


Во дербито на шестото коло од Првата одбојкарска лига, велешки ГОК Борец оствари важна победа против екипата на ОК Шкендија во Тетово со максимални 3:0 (-18, -20,-21). Со оваа победа реални се изгледите на велешани да се најдат меѓу првите четири екипи и да го продолжат првенството во разигрувањето за врвот.  По ова коло се петти, со 12 бодови колку што има и ОК Шкендија. Во следните две кола, дома во салата Гемиџии велешани играат против екипата  ОК Јанта Волеј која има само една победа и со ОК Универзитет Гоце Делчев кој е шести со три победи, во последното коло му гостуваат на  ОК Вардар кој е трет со еден пораз.

Во 13-тото коло од Првата женска фудбалска лига екипата на ЖФК Борец дома на Градски победи со 2:0 против екипата на ФК Плачковица од Радовиш која е претпоследна 13-та со една победа. По ова коло велешанки имаат 10 бода и се 12-ти. Во следното коло, в среда гостуваат на фенерџијата ЖФК Кочани кој нема ниту еден освоен бод.  

Победа за екипата на КМФ Кеги моби во третото коло од Првата футсал лига. Дома во салата Гемиџии славеа над екипата на КМФ Карадаку од Куманово со 3:1 (2:1). По три одиграни натпревари имаат една победа, едно реми и еден пораз.   Победа по двата стартни порази, за екипaта на КМФ Велeс со 6:3 над екипата на КМФ Мал Ајакс од Штип.

Во второто коло од Втората кошаркарска  лига Исток   убедлива победа  за КК Борец Баскет. Велешани беа двојно подобри од  КК Ролинг (104:52) на гостувањето во Струмица, за сигурен старт на новата сезона, две победи во две кола. Во третото коло во Велес, во салата Гемиџии гостува екипата на КК Борец КАМ од Македонска Каменица.

Во Третата фудбалска лига ЈУГ екипите од ОФС Велес со две победи и еден пораз. Славеа ФК Превалец над претпоследниот  ФК Големо Коњари дома со високи 7:0 и ФК Локомотива од Градско на гостувањето во Крушево кај 12-то пласираниот  ФК Питу Гули со 0:3. ФК Илинден од Башино село загуби со 6:0 на гостувањето кај лидерот ФК Напредок од прилепско Крушеане. ФК Превалец по ова коло е трет со 12 бода колку што има и ФК Локомотива од Градско но со послаба гол разлика а ФК Илинден БС е при дното 13-ти од 16 екипи со само четири бода. Веќе в среда ново, вонредно коло. ФК Локомотива во Градско ја пречекува екипата на ФК Марена која има само три бода,  ФК Илинден БС гостува на ФК Питу Гули во Крушево  а ФК Превалец  ја пречекува екипата на ФК Младост 1930 од прилепско Кривогаштани,   која е 11-та на табелата со  седум бода.   

Во Третата фудбалска лига  Исток, каде настапува ФК Работник од Лозово, во шестото коло е поразен дома со 1:2 од екипата на ФК Карбинци, кој досега имаше само едно реми. По ова коло ФК Работник е 10-ти со четири бода а во следното седмо коло игра во Делчево со ФК Брегалница која е четврта со 13 бода.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати