Осум години затвор за два килограми марихуана

Петар Печков

Двајца  велешани добија  осум години затвор за поседување на два килограми марихуана.  Во Основниот суд во Велес, на по четири години затвор беа осудени Сашко Неугебауер ( 40 год) и Цокан Андонов ( 55 год) за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.

 Во  домот на Неугебауер   на 18 септември беа пронајдени повеќе пакувања на  марихуана во тежина од 2 кг. Кај Неугебаур биле пронајдени 30 грама и ваги за мерење, додека во собата каде живеел Андонов, како потстанат, биле откриени останатите количини спакувани во кесиња.

 Истата  според обвинението била заедничка на двајцата обвините, кои пак тврдат дека  била за сопствено користење на  марихуаната во зимскиот период.  До  правосилноста на пресудата  и двајцата остануваат во притвор.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати