Петрушев 37-ми на СП во кајак на диви води за јуниори

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води, во јуниорска конкуренција, велешанецот   Ангел Петрушев се пласираше на 37-то место на СП  кое се одржа на патеката кај Краков - Полска.

Тој во дисциплината К-1  успеа да влезе во полуфиналето, меѓу 40-те најдобри од 77 учесници. На полуфиналната трка во горниот дел од патеката промаши капија, и за да ја совлада мораше да се врати со што загуби 15-тина секунди. За младиот и талентиран Петрушев ова е одличен пласман и најава доколку продолжи со  посветеност може да постигне одлични резултати. 

Во ова конкуренција  веслаше исто така велешанец  Мартин Мазнев кој во првата трка беше 64-ти  од 77 кајакари а во втората без 30-те најдобри беше 44-ти.

Во младинска конкуренција учествуваше и третиот велешанец   Христијан Игнатов кој во К-1 во првата трка беше 62 од 76 ученика а во втората без 30-те најдобри беше 45-ти.

Тројцата Петрушевски, Мазнев и Игнатов возеа и екипно 3хК-1 каде во конкуренција на 24 држави, македонските репрезентативци го заземаа 21-то место.   

До крајот на сезоната  од големите трки им претстои Светското првенство, при крајот на септември, кое ќе се одржи во Франција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати