Победа за футсал екипата на Велес и фудбалерките

Петар Печков

Продолжува мртвата трка за првак на Македонија во футсал. Во 21-то коло, на домашен терен, во салата Гемиџии КМФ Велес со 4:0 го совлада штипски Мал Ајакс и се зацврсти на лидерската позиција со бод предност пред минатогодишниот првак Шкупи. Во следното коло велешани гостуваат во Тетово на СЕЕ Универзитет кој е претпоследен со само една победа. 

Фудбалерките на ЖФК Борец играа дома и победија со 2:0 против претпоследно пласираната екипа на Каменица Саса. Со овие три нови бода велешанки се трети со 28 бода а во следното 15 коло гостуваат на ФК Речица која е 10-та од 12 екипи,  со 11 бода. Претходно в среда го играат полуфиналниот натпревар од Купот во Скопје,  против лидерот Драгон кој е на пат да биде нов првак. Реваншот се игра на 25 април на Градски во Велес. 

Одбојкарите на ГОК Борец, дома во салата на ОУ Блаже Конески загубија со 1:3 (-21, -18, 18, -15) од скопски Вардар, кого во првиот дел од првенството го совладаа како гости.   Така младиот велешки лигаш реди порази во продолжението од првенството, но залихата на бодови од есенскиот дел го држи на четвртото место со 24 бода. Во следното 17 коло ГОК Борец  во Кичево му гостува на соседот од табелата петтиот Шутова, кој со максимална победа може да го премине на табелата. Ако Борец отпатува поради финансиски проблеми.    

 Ракометарите на ГРК Борец загубија во Скопје од екипата на Металург 2 со 30:25 (14:12). Во првото полувреме натпрварот бил израмнет и домаќинот во финишот доаѓа до два гола разлика, предност која во второто полувреме ја одржува. А во завршницата  стигнува и до 6 гола водство 27:21. Најефикасен на велешани но и натпреварот  беше Ивица Лазаревски со 7 гола.  По ова коло во лигата за опстанок ГРК Борец е петти со 12 бода а петтиот од оваа конкуренција игра за опстанок со второ пласираниот од Првата лига. Следното коло велешани се слободни а на 29 април го пречекуваат  РК  Радовиш кој е убедлив во оваа конкуренција со   26 бода. 

Во Втората лига Исток ФК Борец 1919 едвај со 1:0 го победи ФК Осогово до Кочани. Како и пред еден месец велешани тешко излегоа го гостите од Кочани а голот кој донесе три бода падна во 88-та минута од Р. Коцев. Иако Осогово е само 8-ми од 10 екипи, велешани со судни маки постигнаа гол за радост.  Во следното 20 коло ФК Борец 1919 гостува во Македонска Каменица на екипата на  Саса која е седма со 18 бода и пет победи.  

Викендов на патеката Матка  се возеше јубилејниот 50-ти кајак кану  ИКАС  и првото коло од  Европски куп во спринт. Во ИКАС најдобар резултат  од македонските репрезентативци имаше Христијан Игнатов ККК Бабуна од Велес, во К-1 кој беше трет. Тој возеше и Ц-1 каде беше четврти. Во спуст во Европскиот куп  во К-1 настапи Љубиша Спасиќ  ККК Арка од Велес, кој го освои петтото место од 24 учесника. 

loading...

Поврзани »

loading...

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна од понеделникот 16 Април, и ќе трае до 15 Мај. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • ми донесе многу убави моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши мигови
  • постар сум за една година
Резултати