Поради протест, петок напладне улицата Алексо Демниевски Бауман затворена за сообраќај

Петар Печков

Општина Велес ги известува граѓаните  дека поради најавен мирен протест, со блокирање на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ од страна на група физички и правни лица, почнувајќи од  10.01.2020 година, оваа улица ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 12:30 до 13:30 часот во непосредна близина на аптеката „Еурофарм“ спроти паркот Каршијака (малиот парк), односно наспроти зградата на „Македонска пошта“ (освен за возилата на Итната медицинска помош и противпожарната единица.

Со цел да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот за време на протестот, истиот ќе биде пренасочен кон улицата „Пенчо Давчев“ и Башино село.

Пренасочувањето на сообраќајот ќе го координираат службите на СВР Велес.

Воедно, Општина Велес ја известува јавноста дека протестот со блокирање на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ е организиран со цел да се измени новото сообраќајно решение на потегот од крстосницата на улиците „Алексо Демниевски –Бауман“, „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“ до Ликовниот салон, односно да се врати претходната состојба.

Општина Велес веќе и писмено со аргументи им одговори на организаторите на протестот дека враќањето на режимот на сообраќај  во претходна состојба  на оваа крстосница е невозможно поради законската регулатива која најстрого забранува паркирање на магистрална и собирна улица. Законот забранува паркирање во крстосница и пред крстосница. 

Исто како Општина Велес, сите граѓани и учесници во сообраќајот се должни да го почитуваат законот и да не ги паркираат своите возила на недозволени места.

Општина Велес ја известува јавноста дека паралелно со развојот на нови паркиралишта, во соработка со СВР Велес ќе продолжи со примена на мерки за спречување на недозволено паркирање на целото подрачје на општината. 

Апелираме до граѓаните, во интерес на примената на законот и утврдените нормативи да придонесат за непречено одвивање на сообраќајот.

Воедно апелираме, граѓаните кои немаат итна потреба во периодот на одржување на протестот да не се насочуваат кон улицата Алексо Демниевски - Бауман.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

  • ги помнам само убавите моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар/а сум за една година
  • имаше и убави и лоши работи
  • како и секоја друга
Резултати