Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 декември 2024
Првиот ден од новиот возен ред, понеделник наутро, ги донесе старите проблеми во железницата. Утринските возови од Гевгелија кон Скопје и од Скопје кон Битола и Гевгелија денес понеделник доцнеа, тој од Скопје кон Битола повеќе и од еден час.
Доцнењето на возовите, при што во случаи кои се повторуваа, патувањето од Скопје до Битола траеше и по седум, осум часа, неизвесноста кога ќе дојде возот, кога ќе стигне, ги брка патниците, да користат други превозни средства.
Но не само денес, викендот имало проблеми и со патничкиот воз од Битола кон Скопје, кога се расипала локомотивата, па останала на отворена пруга кај Согле. Поради тоа железничкиот сообраќај на оваа делница, одредено време беше во застој, додека не се извлече расипаната локомотива.