Утринскиот воз за Битола, четири дена по ред доцни, не тргнува или се расипува на отворена пруга

Петар Печков

Утринскиот воз од Скопје кон Битола од неделата  сообраќа со големи задоцнувања или не  поаѓа. За ова реагираа патниците кои го користат железничкиот сообраќај кон Богомила, бидејќи возот им единствен организиран превоз, автобуски немаат а секојдневното патување со автомобил не е испатливо.

„Во неделата возот, поточно локомотивата рано наутро се расипа близу постојката кај село Согле, на отворена пруга. Во понеделеникот доцнеше 70 минути, во вторникот не дојде возот на железничка станица Велес а денес среда доцнеше четириесетина минути. Со стартот на новиот возен ред,   овој воз  никако да стигне, се распипува, доцни или го нема. Жителите на регионот на Азот, Богомила и соседните села освен железничкиот сообраќај немаат организиран автобуски превоз, дневни линии па затоа и ваквата состојба најмногу не погодува. До Велес и назад со автомобил секојдневно е скапо“ – вели патник кој го користи превозот за потребите на работното место. Објаснува дека и има мал број патници, од повозрасната старосна група и тие немаат можност за проблемот да реагираат на социјалните мрежи.

Од Македонски железници потврдуваат дека има проблеми со утринскиот патнички воз за Битола.

„Локомотивата се расипа, патниците кои беа во патничкиот воз во неделата, беа префрлени организирано со автобус и во едната насока и во другата насока. Се вози со намалена брзина и  се случува да се расипува локомотивата. Од денес двете машини се во функција, сообраќајот е нормализиран. Имавме сериозен проблем со  мал број на локомотиви, патнички возови, не можевме да почнеме со нивен генерален ремонт оти е ограничен фондот за работа. До крајот на месецов  ќе излезе од поправка електричен патнички воз и ќе се растовари оптовареноста на машините. Од Зелениково до Велес возовите патуваат со 20 км/ч., лимитирана е брзината поради поправка на пругата. На оваа траса има голем број што патнички што товарни возови и не може да се реконстуира за една две седмици, еден месец“ – информираат од МЖ.

Затоа пак потсетуваат дека од неделата повторно, по девет месеци е пуштен во сообраќај вториот патнилчки воз од и за Гевгелија, па така на оваа реалција има два воза дневно утрински и попладневен. За и од Битола има три, утрински, пладневен и вечерен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати