Премиера и едно гостување се на репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ во овој месец февруари

Петар Печков

Сабота на 8 февруари е премиерата на претставата „Мајка“ со која Зорица Панчиќ ќе одбележи 30 години работа во велешки театар. „Мајка" е работана по текст  од Флоријан Зелер, во режија на Јордан Витанов. Освен Панчиќ настапуваат  Васил Зафирчев, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Таа повторно ќе се игра   на мала сцена на 11 и 21 февруари.

Премиера и едно гостување  се на репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ во овој месец февруари.

На 22 февруари е станд ап настапот на Атанас и Тино „Натпросечен Македонец“  а билетите за него се веќе распродадени.

Велешки театар со хит комедијата „Вечера за глупаци“ ќе гостува во Демир Капија на 13 февруари и во Прилеп на 20 февруари.

Од тековниот репертоар оваа претстава коај се игра пред распродадена сала,  ќе се одигра утре, вторник и на 25 февруари исто така вторник.  Претставата „Рацин“ на Дејан Пројкоски е на репертоарот на 12 февруари, Лепа Ангелина на 19-ти  а Татко на 27-ми.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати