Петар Печков
Објавено: четврток, 06 март 2025
ОЈО Велес отвoри истрага против две лица, гевгеличанец Б.А. и Хрватот М.Ж., кои во неделата беа уапсени откако во нивното возило биле пронајдени 20 кг марихуана. Тие се осомничени за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Од судија на претходна постапка во Основен суд Велес било побарано а тој одредил мерка притвор од по 30 дена за двете лица. Во нивниот автомобил биле пронајдени две црни вреќи, во кои имало по 20 пакувања марихуана, во вкупна количина од 19.864,6 грама.
Претходно МВР за овој настан објави:
„На 02.03.2025 од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило поло со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја“.