Притвор за прилепските Роми дрвокрадци кои ги претепаа велешките полицајци, министерот Спасовски вели напад врз полицајците е напад врз државата

Петар Печков

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи –  ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донело наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.  Во писменото соопштение ОЈО Прилеп Информираше:

Осомничените на 24-ти септември, вечерта, на стариот пат Прилеп -Велес над манастирот ”Св. Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет службени лица – полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на  спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело. Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници  изготвувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се здобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото - информираа од ОЈО Прилеп.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот со решение, на осомничените им определил мерка притвор траење од 30 дена.

Адвокатот на обвинетите Жарко Стевановски од Прилеп изјави дека истрагата треба да посочи кој се учествувал во нападот а кој не.
 
Група на граѓани од ромска националност нападнаа службени лица, полициски службеници од ПС Чашка. Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор со  најдолго можно траење од 30 дена. Во истрагата треба да се утврди кој од учесниците навистина  учествувале во настанот а кои воопшто не биле таму присутни - рече Стевановски. 

Неофицијално се трага по уште шест од 25-мината дрвокрадци колку што  учестувале во нападот на полицајците.
 
Денес министерто за внатершни работи Олвие Спасовски во изјава за овој инцидент рече дека „нападот врз полицаец, е напад врз државата“.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати