Промовирана збирка на поезија „Друшка на белите галеби“, песни напишани во младоста од Атанас Крлевски

Петар Печков

Велешкиот роднокраен автор Атанас Крлевски, ја промовираше неговата збирка на поезија „Друшка на белите галеби“. Промотор беше професорката на Педагошкиот факултет д-р Елизабета Бандиловска.

„Кога за прв пат ја добив книгата на Крлевски, за мене беше изненадувње, оти од него сум читала афоризми и хаику пoезија.  Ова е нешто ново и пријатно изненадување. Избор од песни кои на првото читање освојуваат, преку силните емоции од младоста, страста кон љубовата, да го склопи во убава поетска збирка, која ја доживеав како елегија. Од читањето се добива впечаток дека песните се  напишани одамна, кога бил млад и сочувани. Сега ги вади на површината, можеби стари по создавање, но многу актуелни. Се уште во себе го чуваат, содржат  тој оган, кој ја доближува страста, љубовта, кон љубената. Сите песни се посветени на љубената жена“ –кажа промоторкaта Бандиловска.

После бројни дела на специфичен автоски израз, Крлевски на публиката и се претставува, co различно авторско писмо од досега познатото.

„„Песните се извадени од една заборавена тетратка, долго веме чувана во некој шкаф. Одлучив да ги издадам, да не стојат така затворени. Ова се песни од младоста, и по наговор од сопругата ги издадов. Можеби две три се нови, другите се мои рани трудови“ – рече Крлевски. 

Книгата ја издаде „Ирис“ од Струга.  Промоцијата се одржа во медиотеката од велешка библиотека. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати