Пронајдено починато лице во близина на запален камион, кај Кула

Петар Печков

Ноќеска по полноќ се запалил камион близу Кула, а во близина на возилото било пронајдено мртво лице. Телото дадено на обдукција, се испитуваат причините за смртта. Сведоци веелт дека возачот на камионот излегол од возилото, се обидел га го изгасне огнот и потоа го снемало.

„На ден 15.03.2025 во 00:50 примена е дојава за запален камион на автопатот Велес - Скопје пред место викано Пуста Кула. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители“ – соопштија од Територијалната против пожарна единици Велес..

„На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57 год) од Скопје“ – кажа Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати