Се врати повредениот Брчков, кошаркарите на КК Борец баскет славеа во Куманово

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет забележаа победа во Куманово, над втората екипа на истоимениот клуб. Велешани славеа тесно со 81:85, а враќањето на повредениот Брчков кој постигна  24 поени и Котевски со 18  имаа значаен удел во радоста на КК Борец баскет. По ова шесто коло до Втората лига, група Исток, КК Борец баскет е втор со 11 бода а во недела игра дома со соседот, трето пласираниот тим на КК Феникс, кој има девет бодови и натпревар помалку.

Bчера се одгира и заостанатиот натпревар од петтото коло нa Првата футсал лига, помеѓу екипата на КМФ Кеги моби и КК Шкупи.  Шампионот, од скопски Чаир победи со 0:3 како гостин, во салата Гемиџии. Во следното , шесто коло, градско дерби КМФ Велес - КМФ Кеги моби. И двете екипи се со по една победа.  

фото: ФБ КК Борец баскет 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати