Се чистат дивите депонии, создадени од неодговорни граѓани, кои сметот и шутот го фрлаат на јавни површини (фото)

Петар Печков

Вработените од ЈКП Дервен продолжуваат со вонредни акции, на чистење на диви депонии во околината на градот. Во текот на вчерашниот ден исчистена е таа која се наоѓа во близина ан сателитската населба кај езеро Младост, . Таму се отстранети осум трактори смет.

„Со помош на градежна механизација исчистена е голема дива депонија кај е. Младост, над викендичките. Собрани се 36 м3 отпад“ - соопштија од ЈКП Дервен.

Загрижува каде се некои неодговорни граѓани го фрлаат сметот и создаваат диви депонии. Така претходно била  исчистена е дива депонија на патот кон село Сопот, а биле  собрани се 5 м3 отпад. Исто така и  голема дива депонија во близина на „Гарденија“ и отпад „Павор“, собрани бил вкупно 12 м3 отпад. Исч истена е дива депонија во близина на Стар мост, собрани  6м3 отпад.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати