Сообраќајка кај Ногаевци, учесниците минале со лесни повреди

Петар Печков

Утрово од  6,25 до 8,20 ч. беше во прекин сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско. Причина е сообраќајка која се случила утрово и полицискиот увид на местото на настанот.

Во сообраќајката учествувале три возила, автомобили марки голф и форд и трактор, без регистарски таблички.Сообраќајката се случила стотина метри после исклучувањето за Ногаевци, во правец на Градско.

„Околу 06:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, на 100 метри после село Ногаевци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило "голф", патничко возило "форд" и трактор без регистарски ознаки. Во несреќата повредени се возачот на тракторот и сопатник во патничкото возило "голф" и се пренесени во oпшта болница Велес“ - информираа од СВР Велес. 

Повредените со амбулантно возило на Итната помош биле пренесени во велешка болница. 

Во велешка болница биле донесени две повредени лица и според д-р Ванчо Граматов, двете имале лесни телесни повреди.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати