Трет пораз по ред за велешки ФК Борец

Петар Печков

Стадион на Македонија Ѓ.П.

судија Марјан Ецкоски од Охрид

стрелци: Фазли 45` и 67` за ФК МЃП и Мишов 83` за ФК Б

Трет последователен пораз за велешкиот прволигаш ФК Борецво Првата лига. Попладневно загубија во Скопје од екипата на ФК Македонија ЃП со 1:2 (0:1), која е трето пласирана на табелата. По водството на домаќините од 2:0, велешани имаа шанса да намалат но наместо голот велешкиот фудбалери  шутираше над голот. Затоа пак во 83-тата Мишов намали на 1:2. но велешани тука застанаа и не успеаја да извлечат бод, иако имаа можност.

По ова 27 коло ФК Борец падна на 7-то место, со 33 бода и со тешкиот распоред, викендов во Велес гостува второпласираната екипа на ФК Шкупи а потоа велешани гостуваат во Тетово на лидерот ФК Шкендија и му се заканува да падне на табелата на позиција која  не гарантира опстанок, туку разигрување.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати