Петар Печков
Објавено: вторник, 18 март 2025
Велешката полиција информира дека добила три пријави за еден ден, од граѓани кои биле каснати од куче. Во два случаи биле каснати ученици, во двор од средно школо.
Деталите од билтенот на СВР Велес
На 17.03.2025 во 11.20 часот во Полициската станица Велес, Д.К.(18 год) од Велес пријавил дека во двор на општинско средно училиште во Велес бил каснат од куче скитник.
На 17.03.2025 во 12.50 часот во Полициска станица Велес, С.У.(36 год) од Велес пријавил дека на улица „Алексо Демниевски“ во Велес бил каснат од куче скитник.
На 17.03.2025 во 12.20 часот во Полициската станица Велес, Р.К.(52 год) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, пријавила дека во двор на општинско средно училиште во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.